Душарм: Монетарната и финансиската статистика ги даваат потребните информации за носењето и следењето на политиките на финансискиот сектор

269 прегледи

Во рамки на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонт, директорот, Луј Марк Душарм испрати честитки до тимот на Народната банка за првото објаснување на статистиката за финансиските сметки.

„Објавувањето на статистиката на финансиските сметки претставува големо достигнување за кое е потребен голем напор и посветеност при прибирањето и дисеминацијата на податоците. Ова достигнување е едно од многуте во процесот на пристапување кон највисокиот стандард за дисеминација на ММФ, СДДС плус. Само 25 земји го имаат прифатено овој стандард. Затоа, само продолжете со добрата работа“, посочи Душарм.

Во своето обраќање Душарм истакнува дека монетарната и финансиската статистика ги даваат потребните информации за носењето и следењето на политиките на финансискиот сектор и оти улогата на централните банки станува уште поважна и посложена.

„Со постојаната револуција на податоците и сѐ посложениот финансиски систем, се зголеми и потребата од повеќе грануларни податоци, а нашата улога како некој што подготвува податоци и статистика стана уште поважна и посложена. Покрај нашата традиционална улога на обезбедување навремени, точни и веродостојни податоци за анализа и носење политики, ние имаме улога и на кредибилен советник за корисниците и за овој нов свет, каде што изворите на податоци се зголемуваат со голема брзина“, истакна директорот во ММФ во обраќањето.

Слични содржини