ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани по основ на законот за попис. Се работи за суштински амандмани, изјави на денешната прес конференција, Никола Мицевски, Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека амандманите ќе ги аргументираат затоа што навистина се суштински и навистина се амандмани кои што би значело подобрување на самото законско решение и влевање на доверба во целото ова решение законско коешто се нуди сега.
– Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова статистичка операција која што би требало да се направи. Значи избегнувањето на обезбедување на фингерпринт е навистина нешто што не дава сигурност во целата постапка. Образложенијата дека тоа е скапа операција и ќе треба време не држи затоа што таква одлука за набавка во државната изборна комисија за таква апаратура има, меѓутоа не се префрлени пари од буџетот во ДИК за тоа. Сметаме доколку навистина ова треба да го направиме како што треба да го направиме дека е многу лесно државата да префрли пари за да бидат обезбедени овие апарати за отисок од прст со што на многу лесен начин ќе успееме да резидентното население го одвоиме од државјаните во Република Македонија, вели тој.