Тиодоровиќ: Ако има забави за дочек, ќе бидат загрозени до 100.000 луѓе, а најмалку 10.000 ќе треба да добијат помош

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Српскиот епидемиолог, д-р Бранислав Тиодоровиќ на прес-конференција изјави дека членовите на Кризниот штаб ја разбираат потребата на населението да ја испрати оваа година што долго ќе ја паметиме во секој поглед, но дека младите мора да бидат свесни за тоа што може да биде последица на една ноќ, додека кај нас нема уште изградено колективен имунитет.

– Младите мора да размислат што нè чека, ако приватните забави се масовни, ако има 50 на едно место по 1.000 – веќе имате пред вас колкави се тие бројки – 50.000 до 100.000 луѓе ќе бидат загрозени – изјави Тиодоровиќ.

Тој додаде дека тоа значи дека најмалку 10 000 луѓе ќе треба да ја добијат потребната помош.

– Тоа е ужасен притисок и не мора да биде така. Сите ние сакаме да ја дочекаме Новата година на најдобар начин – среќни и радосни. Единствено што можам да им посакам на сите во овој момент е дека ќе бидеме навистина среќни, здрави и подготвени следната година да ги зачуваме економијата и здравствениот систем – изјави епидемиологот.

Слични содржини