205
Британската влада во вторникот објави 53.135 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број од почетокот на масовното тестирање во средината на 2020 година и драстично зголемување од претходниот рекорд од 41.385 нови инфекции од понеделникот.
И бројот на смртни случаи е најголем во последните 28 дена и изнесува 414 во споредба со 357 во понеделникот, а од почетокот на пандемијата, вкупно 71.567 луѓе починале од последиците на ковид-19 во Велика Британија.
Велика Британија во моментов се бори со новиот вид на коронавирус, за која научниците велат дека е способна да се шири побрзо.