173
Како што соопшти вечерва Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), во Хрватска се почувствувале 20 земјотреси во последните 37 часа.
Треба да се нагласи дека станува збор за земјотреси што се почувствуваа, откако всушност имаше повеќе земјотреси во Хрватска, но не сите беа почувствувани.
Денес, Хрватска беше погодена од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Загинаа 7 лица, а десетици беа повредени.
Во Сисак, Петриња и голем број околни места, беше предизвикана огромна материјална штета.