372
За првпат во овој мандат, пратениците ќе имаат можност да им постават прашања на премиерот и министрите.
За денес во Собранието на Република Македонија од 11 часот е закажана седница за поставување на пратенички прашања.
Според Деловникот на Собранието, пратеникот има право на премиерот, на министрите и на други носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието да им постави 3 прашање што се однесува на нивната работа или на работи од нивната надлежност.