385
Новак Ѓоковиќ не е единствениот врвен тенисер кој размислува дали да се вакцинира против коронавирусот.
Русинот Андреј Рубљов има слично мислење.
„Не знам дали ќе ја примам, зависи од ситуацијата во светот. Кои се правилата? Како ќе се случи сето ова сега кога вакцината е подготвена да се шири низ целиот свет? Тоа зависи од барањата. Ако има избор, веројатно би избрал да не се вакцинирам. Ако биде задолжително, тогаш ќе бидам вакциниран како и сите други“, рече рускиот тенисер.