Трагедија во Ново Лисиче: Старец си го одзеде животот

од Nikola Popovski
799 прегледи

Вечерва се случила трагедија во скопската населба Ново Лисиче. Како што јавуваат дел од медиумите, лицето К.М. извршило самоубиство, а неговото тело било пронајдено во подрумските простории на зградата во која живее.

Според соседите, старецот бил мирен и тивок човек, на кој му се случиле веќе неколку трагедии. Пред неколку години му загинал синот, а пред 40 дена починала и неговата сопруга.

Неофицијално телото го пронашол внукот. Полицијата се уште врши увид на местото.

Слични содржини