Државниот завод за статистика, посочува дека во ноември 2020. година, индустриското производство забележува пад од 4% споредбено со истиот период минатата година, а во периодото од јануари до ноември, споредбено со истиот период во 2019. година, се бележи намалување на 10,6%.
Податоците кои се објавени по сектори, говорат дека индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.
Инаку, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кајТрајни производи за широка потрошувачка за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто, додека пораст бележи кај Енергијаза 3,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4 отсто и Капитални производи за 0,8 отсто.