МОРНИЧАВО ЗЛОСТОРСТВО ВО ГРЦИЈА: Тело на исчезната жена пронајдено во куфер

од Nikola Popovski
372 прегледи

Телото на 38-годишна кинеска државјанка, која исчезна на 17 октомври, беше пронајдено во куфер во селото Вилија, северозападно од Атина, соопшти полицијата.

Според агенцијата АНА, телото било во напредна фаза на распаѓање.

Жената исчезнала во населбата Омонија во Атина. Патологот не можел да ја утврди точната причина за смртта поради состојбата на телото, а истрагата е во тек.

Слични содржини