Невидена трагедија ги потресе жителите на Херцеговина, откако беше објавена страшната вест дека по новогодишната ноќ во викенд куќа во Трибистово кај Посушје се пронајдени осум тела на млади луѓе.
Неофицијално се знае дека станува збор за задушување од гас. Од истрагата се сомневаат дека се скинало цревото од шпоретот на гас. Меѓу жртвите има и мажи и жени, пишува Аваз., пишува Аваз.
Уште двајца беа во куќата, во сериозна состојба?
„Јутарњи лист“ исто така пишува дека во куќата имало уште двајца млади луѓе кои се во сериозна здравствена состојба, но дека оваа информација сè уште не е официјално потврдена. Според „Вечерњи.ба“, во него се вели дека во викендичката имало четири момчиња и четири девојчиња. Станува збор за средношколци.
Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 10 часот.