Мутираниот вид на коронавирус потврден и во Турција: Забранет влез за патниците од Британија

од Nikola Popovski
373 прегледи

Властите на Република Турција привремено забранија влез за сите патници од Велика Британија.

Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, вечерва објави дека се потврдени случаи на инфекција со мутираниот вид на коронавирус, кој првпат беше откриен во Велика Британија, кај 15 лица.

„Сите случаи се изолирани и нивните контакти се утврдени за да се одржи кластерот под контрола“, рече Коџа, додавајќи дека биле откриени сите случаи на мутиран коронавирус кај луѓе кои пристигнале од Велика Британија.

Во Турција, во последните 24 часа се потврдени 12.203 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 212 лица починаа како резултат на инфекцијата. Вкупно 2,22 милиони луѓе се заразени со коронавирус во Турција од почетокот на пандемијата, а 21.093 лица починаа.

Слични содржини