Дипломатка на возраст од 38 години е најдена вчера почината во нејзиниот дом во Њујорк, пишуваат американски Фокс њуз, кој не открива од која земја е дипломатката. Сепак дел од македонските медиуми, објавија станува збор за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации.
Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата. Според Фокс њуз, се работи за самоубиство.
„Таа живееше тука две години Таа беше личност. Многу убава личност. Сите се чувствуваат лошо.“, изјавил Хернан Авила, мајстор во зградата, за весникот.
Откако заѕвонил одвнатре немало одговор и се посомневал дека нешто се случило. Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, објавува Фокс њуз.
Членови на дипломатската заедница во ОН не откриваат детали за инцидентот, но потврдуваат дека се работи за балканска дипломатка.