Големиот пожар кој синоќа го зафати трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика огромна штета, материјална, економска, на деловни субјекти, на луѓето кои обезбедуваат егзистенција.
Премиерот Зоран Заев повика на солидарност и сплотеност на струмичани, бизнис заедницата, општината и Владата.
Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски веќе најави помош во рамките на можностите, а на социјалната мрежа Фејсбук можат да се прочитаат објави на поединци и фирми кои ја нудат својата помош.
Нема среќа изградена на туѓа несреќа!Се ставам на располагање на секој на кој ќе му биде потребна помош. Заедно можеме повеќе!Тел за контакт:076/483-146, пишува Софија Ристова Патрикова на Фејсбук.
„Почитувани, сограѓани и стопанственици на опожарените објекти од ТЦ Глобал во Струмица, Адвокатска Канцеларија Михаиловиќ како општествено одговорен субјект изразува огромно жалење за реалната претрпена штета од пожарот што избувна доцна ноќта на 02.01.2021г.Имајќи ја предвид дејноста која ја врши канцеларијата и свесно секогаш штитејќи ги правата на граѓаните што воедно е и солидарност во голема општествена смисла, јавно поттикнувам заедно да помогнеме и побрзо да ја надокнадиме материјалната штета што ја претрпевте во ноќта зад Нас.2020 година беше година за заборав и година кога покажа и ни докажа дека солидарноста треба да биде пред се и над се.Затоа во зборовите на Нил Армстронг “мал чекор за мене, голем за човештвото” Адвокатската Канцеларија Михаиловиќ ќе донира 10.000,00 денари во првиот солидарен фонд кој ќе биде отворен се надевам овие денови кои се пред нас.Ние луѓето и правните субјекти сме тие кои со нашата култура и одговорност го движиме и го трасираме патот за нас и за идните генерации.Затоа поттикот кој го даваме да биде гласот на народот.Од локално до глобално.Да не заборавиме дека нашата мисија е да си помагаме кога е најпотребно. Со почит Адвокатска канцеларија Михаиловиќ“, пишуваат оттаму.