МВР апелира: Истите броеви се во функција и граѓаните можат да пријавуваат групирања

391 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Исто така, граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

„Полицијата, исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со Јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.

Слични содржини