Шкотска се бори со новиот вид на Ковид 19: Од вечерва целосен локдаун

310 прегледи

Шкотска вечерва ќе влезе во целосен локдаун, која ќе трае до крајот на јануари, со цел да се избегне неконтролирано ширење на коронавирусот, најави премиерот на оваа земја, Никола Старџен.

Гардијан пренесува дека премиерот во вонредно обраќање изјавил дека сите училишта во Шкотска ќе останат затворени во јануари и дека сите ученици ќе посетуваат настава преку Интернет.

Причината за строгите ограничувања што ќе стапат на сила вечерва е ширењето на нов вид на коронавирус.

Новите мерки потсетуваат на строгите ограничувања воведени минатиот март, и тие повторно ќе вклучуваат проблеми со граничниот премин.

Иако немаше ненадејни скокови на бројот на хоспитализирани во Шкотска како во Велика Британија, бројот на позитивни тестови се зголемува секој ден.

Слични содржини