Ироничниот твит на Грета Тунберг со кој го прослави својот роденден

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

Светски познатата шведска активистка Грета Тунберг во неделата наполни 18 години, а роденденот го одбележа со иронична објава на Твитер.

Откако им се заблагодари на илјадниците добри желби за нејзиниот 18-ти роденден на социјалните мрежи, Тунберг одлучи малку да се пошегува во врска со теориите на заговор за неа на Твитер, кои ескалираа откако таа стана глобална активистичка суперarвезда на 15-годишна возраст во борбата против климатските промени.

„Вечерва можете да ме најдете во локалниот паб каде ги разоткривам сите мрачни тајни кои стојат зад теориите на заговор за климатските промени и штрајкот во училиштето, како и за моите злобни шефови кои повеќе не можат да ме контролираат! Конечно сум слободна!!“, напиша Тунберг во објавата, со приложената фотографија на која позира со подигнат палец во маица „Flat Mars Society“.

Тунберг се стекна со светска слава како тинејџер и гласен активист во борбата против климатските промени. Сепак, нејзината слава беше причина за бројни критики, главната беше дека таа е само кукла во рацете на истите мултинационални компании и политичари кои сака да ги повикува и да ги критикува во јавноста.

Нејзината роденденска објава на Твитер е насочена токму кон тие критики и теории на заговор.

Слични содржини