Нападнати полицајци пукале во воздух при апсење

од Nikola Popovski
234 прегледи

Како што информира МВР, во доцните вечерни часови на 3 јануари на улицата Бетовенова од припадници на струмичката полиција уапсен бил Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор.

„При преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полициските службеници со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух. За лицата ќе бидат преземени соодветни мерки. Ш.М. бил спроведен до Затвор Скопје за издржување на казната“, соопштија од полицијата.

Слични содржини