Ненси Пелоси повторно на чело на Претставничкиот дом на Конгресот

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Ненси Пелоси беше реизбрана за претседателка на Претставничкиот дом со тесно мнозинство на првата седница на 117. свикување на Конгресот на Соединетите држави.

За Пелоси гласале 216 пратеници, додека 209 не го поддржале нејзиниот избор.

Демократите изгубија 11 места на изборите во ноември и сега имаат тесно мнозинство од 222 наспроти 212 места во Претставничкиот дом.

Сепак, петмина демократски пратеници не ја поддржаа Пелоси во неделата, двајца гласаа за пратеници кои не се кандидираа, а тројца само се изјаснија „присутни“.

Контролата на Сенатот ќе зависи од два избори што ќе се одржат во Џорџија во вторник, на кои демократските кандидати мора да ги освојат и двете сенаторски места со цел нивната партија да ја врати контролата врз Горниот дом на Конгресот.

Пелоси ги водеше демократите во Долниот дом од 2003 година и е единствената жена што беше претседател на тоа тело.

Слични содржини