Д-р Ентони Фаучи, главен експерт за заразни болести во САД, изрази надеж дека наскоро ќе се забрза текот на вакцинацијата.
– Не сме таму каде што сакаме да бидеме, нема сомнеж во тоа- рече д-р Фаучи за време на интервјуто за ABC News.
Досега се дистрибуирани 13 милиони дози вакцини низ САД, но вакцинирани се само 4,2 милиони Американци, пренесува „Гласот на Америка“.
Во некои држави, луѓето формираат долги редици по улиците и чекаат да бидат вакцинирани.
– Федералната влада доставува вакцини во сојузните држави многу побрзо отколку што може да се администрира на граѓаните – напиша сегашниот американски претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер, а новоизбраниот американски претседател Џо Бајден побара 100 милиони вакцини во првите 100 дена од новата администрација по неговата инаугурација на 20 јануари.