621
Денеска беше промовирана новата зграда која Владата за десет милиони евра ја откупи од Агенцијата за станбен и деловен простор, а во која ќе бидат сместенo новото Министерство за политички систем.
Вицепремиерот и министер Артан Груби на својот Фејсбук профил објави фотографија и се пофали од својата нова канцеларија во барокната зграда, која е лоцирана во близина на МНР
„Нашиот нов дом“, напиша Груби во описот на фотографиите.
Министерство за политички систем нема да биде единствен корисник на барокната зграда. Таму ќе се сместат и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање на културата на припадниците на заедниците, Националниот Албански Ансамбл.