Орбан: Руската вакцина е добра, но кинеската повеќе ветува

од Nikola Popovski
265 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, високо ја оценил руската вакцина против коронавирус, но смета дека тоа нема да биде доволно за вакцинирање во неговата земја.

„Знаеме дека руската вакцина е добра, но нема доволно и веројатно нема да ја купиме поради ограниченото производство. Од друга страна, кинеската вакцина е повеќе ветувачка и се чини дека ќе биде достапна порано и во големи количини“, изјави Орбан, пренесува агенцијата „МТИ“.

Унгарскиот премиер потсети дека Унгарија ќе добие милиони дози вакцини во рамките на заедничката нарачка на ЕУ од западните фармацевтски компании, но државата ја разгледува и можноста за купување вакцини од Русија, Кина и Израел.

„Идеално, треба да има избор: дали ќе се вакцинирате со вакцина од Западот или од Кина, иако кинеската сè уште не е достапна“, објаснил тој.

Во ноември, Унгарија стана првата земја на ЕУ што прими прототипови на руската вакцина Спутник V за испитување.

Слични содржини