„Постапката на Бугарија е демонстрација на сила и се базира на нереалното очекување и барање да се реализира картата на Сан стефанска Бугарија, која што ни била нацртана од големите сили во 1878 година“, вели претседателката на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, одговарајќи на прашање за моменталниот спор што го имаме со нашиот источен сосед.
Според неа, нереално е ние како Македонци да одговориме позитивно на нивните барања и уцени.
„Ниту можеме да се откажеме од македонскиот идентите, јазик, историја и малцинство. Би поставила едно клучно прашање овде, дали нас не блокира Бугарија или не блокира ЕУ, затоа што овие нереалистични и илузорни барања на Бугарија практично на некој начин, не ги поддржа, меѓутоа ги овозможи ЕУ, затоа што ги прифати како легитимни“, смета Поповска.