Ким си ги призна грешките по извинувањето: Необично обраќање на севернокорејскиот лидер пред партијата!

352 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун призна „грешки“ во економскиот развој на земјата на отворањето на конгресот на владејачката партија, објави денеска севернокорејската агенција KCNA.

Конгресот е прв по пет години и осми во историјата на Северна Кореја. На него учествуваат илјадници делегати и набудувачи.

Отворајќи го Осмиот конгрес на Севернокорејската работничка партија во Пјонгјанг, „врховниот лидер зборуваше за успесите постигнати од партијата и народот на Северна Кореја“, наведува агенцијата.

Сепак, Ким рече дека развојните цели поставени на конгресот во 2016 година „во голема мера не беа исполнети во сите области“ и дека Северна Кореја не смее да ги повторува грешките.

Северна Кореја ќе претстави нов петгодишен план за развој на конгресот што започна вчера.

Претходниот конгрес на владејачката партија траеше четири дена.

Во писмото објавено пред Нова година, севернокорејскиот лидер испрати ретко извинување до граѓаните.

Слични содржини