Нов силен земјотрес во Хрватска

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Нов силен земјотрес беше почувствуван околу 18 часот во областа на централна Хрватска. Траеше околу десет секунди, пренесува Индекс.хр.

ЕМСЦ известува дека бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Според првите податоци, епицентарот бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, во областа Петриња.

Шефот на хрватската сеизмолошка служба, Инес Иванчиќ, во програмата на Радио Сjеме потврди дека епицентарот бил во Петриња, и дека според нејзините проценки, истакнувајќи дека сè уште очекува официјални податоци, вели дека јачината била меѓу 4,8 и 5 степени според Рихтеровата скала, според „Јутарњи лист“.

Слични содржини