187
Демонстрантите го пробија кордонот и упаднаа во зградата на Капитол, каде жестоко се судрија со полицијата. Во моментов се водат борби во ходниците на зградата, а масите ги користат сите начини да се искачат што е можно повисоко во зградата – упаѓаат низ прозорците, преку лифтовите за чистење на прозорците!
Во меѓувреме, Претседателот Трамп наредил распоредување на Националната гарда во Вашингтон. Сите членови на Националната гарда во градот Вашингтон се ангажирани.
Гувернерот на Вирџинија ја испраќа Националната гарда. Околу 200 војници на Националната гарда пристигнуваат во Вашингтон од државата Вирџинија.