Социјалната мрежа ТикТок шири бизарна теорија за тоа како Канје Вест ја изневерил сопругата Ким Кардашијан – со контроверзниот јутјубер Џефри Стар.
Според светските медиуми, оваа гласина дошла од корисник на „ТикТок“, кој се потпишува со името Ава Луиз, која инаку е позната по разни „провокативни“ објави, кои се шират на Интернет.
Еден корисник на социјалните мрежи всушност го прашал Џефри Стар што мисли за овие пикантерии, но тој само се насмеал и го поканил да дојде во Вајоминг, каде што се наоѓа во моментот.
Да потсетиме, Канје Вест моментално е во Вајоминг, на неговиот ранч.
Како одговор на веста, Луиз рече дека има озборувања за Вест со месеци, а разводот „не изненадува“ затоа што „Канје се поврзува со многу познат гуру за убавина – кој е роден како маж“.
„Многу луѓе од сцената знаат веќе некое време за нив“, рече Луиз во видеото. Особено и се допаднаа коментарите во кои се прашуваше дали станува збор за Џефри Стар, а во продолжение на „TikTok“ видеото, таа исто така тврди дека нејзиниот пријател, кој е адвокат на позната личност во Лас Вегас, ја запознал Ким за случајот пред неколку месеци и дека таа „добила докази“ за поврзаноста на Канје со Стар.