Поддржувачите на Трамп: Горди сме, ова е мирен протест! Ние не се предаваме! Бајден, не влегуваш во Белата куќа

од Берта Китинска
158 прегледи

Толпа од стотици приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон синоќа, за време на седницата на Конгресот на која официјално требаше да се потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Четири лица беа убиени, објави полицијата во Вашингтон.

Вашингтон е под полициски час, а зградата на Капитол и околните улици се опкружени со припадници на полициската интервенција.

“Ние не се предаваме. Бајден, ти не влегуваш во Белата куќа”.

Новинарскиот тим на Би-Би-Си разговараше со некои приврзаници на Трамп собрани пред Капитол (зграда на американскиот Конгрес) пред толпата да влезе во него и да објави видео.

“Ние не се предаваме. Бајден, ти не влегуваш во Белата куќа”, извика еден од обожавателите на Трамп со капаче со натпис “Трамп 2020” во камерата.

“Пенс нема да нè изневери, нема да го изневери Трамп. Тој ќе го стори она што треба да се направи и ќе се осигура дека вистината е во Белата куќа на 20 јануари”, додаде жената, извикувајќи им на луѓето до неа “е тоа така”.

“Зошто дојдов? Зошто не би бил тука? Ова е местото каде што треба да бидеме денес”, рече Мерилин Вестроп.

„Без разлика дали ова оди добро или лошо или што и да е, (што можам да кажам) дека јас го направив мојот дел. Дека бев тука, дека можев да им кажам на внуците дека се борев за ова, за вас.“, рече Џенифер Перине.

“Ние сме тука да заземеме став. Ако не заземеме став, кој ќе го стори тоа?”, Праша Ден Смит, облечен во капа на која пишуваше: “Ајде да ја направиме Америка повторно голема”.

„Ние сме посветени на враќањето на правдата во Америка“

“Ова не е случајно. Ние сме посветени на враќањето на правдата во Америка”, рече Кристина Бродерик.

“Доналд Трамп очигледно е личност која се појавува еднаш во генерација. Некои од нас го сакаат, некои го мразат. Но, никој не ги привлекува толпите како он, барем не за време на нашите животи”, изјави Макс Лин.

И додека некои изјавија дека ќе ја прифатат победата на Бајден доколку биде потврдена во Конгресот, други коментираат дека тоа ќе им ги скрши срцата.

„Апсолутно сум горд“

Си-Ен-Ен разговараше и со собраните приврзаници на Трамп. Новинар на Си-Ен-Ен ги праша двајцата демонстранти дали се горди на она што се случи – конкретно, историски невиден хаос во Капитол, седиштето на законодавниот дом на САД, кој не е провален од војната со Велика Британија во 1814 година кога британската војска го нападнаа Вашингтон и ги запалија Капитол и Белата куќа.

„Апсолутно (горд сум.) Мислам дека требаше да одиме до крај и да ги извадиме сенаторите за коса и да речеме, доста е“, изјави демонстрантката Пени Алисон за новинарот на Си-Ен-Ен.

“Нема насилство. Ова беше мирен протест”, одговори Пепи, “Никој тука не повреди никого. Тоа не е во ред”.

 

Слични содржини