329
Американскиот претседател Доналд Трамп го објави својот прв твит откако Твитер привремено му забрани да објавува.
„75 милиони американски патриоти кои гласаа за мене, АМЕРИКА ПРВА и ДА ЈА НАПАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНА ГОЛЕМА, ќе имаат ГОЛЕМ ГЛАС уште долго. Никој нема да им покаже непочитување или да се однесува неправедно кон нив на кој било начин!!!“, напиша Трамп.
Да потсетиме, Твитер му забрани на Трамп 12 часа да објавува по насилниот упад на неговите приврзаници во зградата на Капитол во Вашингтон, во која се наоѓаат Конгресот и Сенатот.
На голем митинг во Вашингтон, Трамп прво ги поттикна своите приврзаници да се упатат кон Капитол, а потоа во неколку наврати на Твитер ги повтори неоснованите обвинувања за изборни измами.