ВМРО Народна: „Крвавиот Божиќ“ никој не го споменува, иако во тој загинаа стотици партизани

516 прегледи

Пред 76 години, во текот на овие денови, беа стрелани повеќе стотици македонски партизани, настан кој беше насловен како „Крвав Божиќ“.

Во рамки на ова, ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост од молкот на сите оние историчари, колумнисти и фејсбук автори кои во последните месеци секојдневно не известуваа за стрелани поединци од страна на про-фашистичките сили.

Со ваквиот молк за овие масовни убиства само потврдуваме дека сеуште сме многу индоктринирано општество во кое предмет наподелба се дури и жртвите.

А исто така како народ не знаеме да се оддолжиме на тие македонски партизани кои идејата за самостојна Македонија сакале да ја остварат во 1945 година.

Уште еднаш не сакаме да погледнеме дека нашата историја е заробена во југословенската матрица дотолку што не разбираме дека со самото тоа што молчиме и не ги расветлуваме тие настани им даваме за право на некои наши соседи истите тие настани да ги присвојуваат.

Слични содржини