Данска работи на дигитален пасош за вакцинација за луѓе кои примиле вакцина против коронавирус, што може да им овозможи да патуваат во земјите што ќе побараат ваков документ за време на пандемијата.
„Другите земји се очекува да побараат од патниците да покажат документ за вакцинација по пристигнувањето. Може да се користи дански пасош за вакцинација“, соопшти денеска Министерството за здравство.
Пасошот може да се издаде во првите месеци од оваа година, а ќе може да се добие преку веб-страницата на Институтот за јавно здравје.
Министерството нагласува дека е потребно да се испита дали луѓето кои биле вакцинирани сè уште можат да бидат носители на вирусот и колку трае заштитата од вакцината, пренесува „Ројтерс“.
Некои авиокомпании, како што е австралиската „Квантас“, објавија дека во иднина би можеле да инсистираат на покажување доказ за вакцинација.