МНР: Очекувано е Бучковски во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева каде беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план, соопштија од Министерството за надворешни работи.

„Улогата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства. Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија“, додаваат оттаму.

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија во разговор со Илијана Беновска во неделната програма „Беновска пита“ на „Радио К2“, претходно денес ги коментираше односите на Бугарија со Северна Македонија и посочи дека го очекува специјалниот претставник на македонската Влада за спорот со Бугарија, Владо Бучковски следната недела во Бугарија.

„Дали е вистина, дали ќе имате сила да ми кажете, дека очекувате ненајавена средба со проф. Владо Бучковски, кој беше министер за одбрана на Македонија и премиер на земјата, а од декември 2020 година е назначен за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Имате ли ваква средба?“, праша водителката.

„Госпоѓо Беновска, вие работите подобро од бугарското разузнавање! Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој ќе биде во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму!“, изјави Каракачанов

Слични содржини