224
Едно лице е повредено во сообраќајката што се случи во 18:10 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Сулдурци.
Информацијата ја потврди заменикот портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале два автомобила.
Заради несреќата сообраќајот на патот Струмица-Радовиш беше во прекин повеќе од два часа и се пренасочуваше по стариот пат.