Изгасната опожарената цистерна на патот Струмица-Радовиш (ФОТО)

од Nikola Popovski

Денес во 09.18 часот, на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и 6 пожарникари интервенирале во гасење на запалена цистерна која превезувала дизел гориво.

-Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран, информираат од Територијалната противпожарна единица – Струмица.

Нафтата е префлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.

Во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата информираат од Центарот за управување со кризи.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на регионалниот пат Струмица –Радовиш од 10:37 часот е нормализиран.

Слични содржини