Богојески: Југославија не ги создава Македонците, туку ги моделира!

од Vladimir Zorba
366 прегледи

Јосип Броз Тито, маршалот на Југославија и промотор на југословенскиот идентитет, најпочитуван кај Македонците [90%] и најомразен кај Бугарите [99%], поради неговото протежирање на македонскиот наспроти бугарскиот идентитет кај Македонците, уништувајќи ги сите напори за бугаризација на населението во Македонија, во последните два века!

Југославија не ги создава Македонците, туку ги моделира! Македонскиот идентитет постои низ вековите и тоа не е воопшто поврзано со Југославија! Точно е дека КПЈ создава атмосфера на општествено прифатливо поведение за еден човек да биде “признаен” за Македонец, но тоа не е создавање на Македонец!

Денес како резултат на тоа моделирање, престижно е да си Македонец, а понижувачко е да си Бугарин! Буквално е искористено стојалиштето на Грција за Бугарите како Вулгари, во кои сме припаѓале и ние верниците од Егзархиската Црква, наспроти оние од Патријаршиската Црква! Тито само понудил избор, сакаш да си Вулгарин или Македонец (согласно југословенското поимање), и добиваш на располагање Македонска Црква, која е олицетворение на Охридската Архиепископија, чуварот на македонизмот! Тоа значи дека Тито не ги забранува Црквите, туку создава алтернатива за Македонците, најлесно да ги тргне од влијанието на Егзархијата, а да не ги присилува на Патријаршијата или на нејзината подрачна СПЦ!

Во тоа е тајната на триумфот на македонизмот врз бугаризмот во Македонија и причината за толкава омраза на Бугарите кон Тито! Нивното барање за ревизија на историјата е фактички барање за враќање на состојбата пред Тито, кое јас го нарекувам “ребугаризација” на Македонија, што е невозможна мисија!

Потребно е Бугарите тоа да го разберат, да се помират со поразот, да го констатираат постоењето на македонскиот идентитет, така моделиран, а не создаден од Тито, со што конечно ќе ги помириме македонизмот и бугаризмот, кои со векови се борат за превласт во Македонија! После е се лесно и едноставно за договарање!

Оваа влада не покажува капацитет ова да го имплементира, испраќајќи го Бучковски да се “лигави” по Софија, несвесни дека помина тоа време на романтично лигавење помеѓу Македонците и Бугарите! Делот од опозицијата означен со терминот “мициња” нема капацитет ниту да го разбере ова! Тоа не осудува да избериме помеѓу власта и мицињата од една страна или ЕУ од друга страна! Јас ја избирам ЕУ!

П.с. Да се разбериме, Тито беше западен играч, партнер на Британците и Американците, поддржувач на ЕУ агендата, а не на СССР! Сите вие кои го почитувате Тито, треба да кренете раце од СДСМ и од “мицињата”, кои се во коалиција, и да поддржите реорганизирање на проевропската опозиција!

ФБ статус на Петар Богојески

Слични содржини