Првата дама на САД, Меланија Трамп изјави дека е „разочарана“ и „обесхрабрена“ од минатонеделниот напад врз зградата на Конгресот во Вашингтон од страна на приврзаниците на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, додавајќи дека е „срамота“ што оттогаш била мета на „валкани озборувања“ и „лични напади“.
Меланија Трамп потоа изјавила дека „ова е време исклучиво за третман на нашата земја“ и дека не треба да се користи за „лична корист“.
„Скај Њуз“ известува дека засега не е познато на какви напади и озборувања мислела Првата дама во заминување и потсетува дека поранешната пријателка и советничка Стефани Винстон Волкоф ја критикувала првата дама за „тишината и пасивноста“ по хаосот во Капитол.
„Срцето ми се крши“ поради жртвите во Капитол, рекла таа, додавајќи дека е „разочарана“ и „обесхрабрена“ од насилството минатата недела.
„Срамота е што овие трагични настани се опкружени со гласини, озборувања, лични напади и лажни обвинувања против мене од луѓе кои сакаат да бидат релевантни и да покажат дека имаат агенда“, рече таа.