УХМР: Надпросечни вредности на водостоите, можни се излевања и одрони

310 прегледи

Во изминатите 24 часа наврна големо количство дожд, што дополнително придонесе за зголемување на нивото кај сите водотеци и езера ширум земјата. Особен пораст на водостоите се бележи кај гордниот тек на Вардар, на Трееска кај Македонски брод, на Црна кај Новаци и на Радика кај Бошков мост.

За овој дел од годината се надпросечни вредностите, посочија од УХМР.

На терен информациите говорат за излевање на Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња кај Куманово, на водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион, а поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија и Полог.

„Во однос на временската состојба, очекуваме сите водостои кај водотеците и езерата и натаму да бидат во покачување, а како најкритични ги посочуваме реките Вардар горен тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки. Во текот на денот очекуваме намалување на врнежите, но дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа на Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна, Конска и нивните притоки“, потенцираа од УХМР и уште еднаш предупредува на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

 

Слични содржини