Суд во Перу, во резолуција заснована на теории на заговор, потврди дека Ковид-19 е изум на „криминалната светска елита“, што според судиите на тој суд, го измислиле милијардерите како Џорџ Сорос, семејството Рокфелер и бизнисменот и коосновач на „Мајкрософт“. Бил Гејтс.
Понатаму се наведува дека „креаторите продолжуваат да управуваат со ситуацијата во тајност, заедно со глобалните корпорации“.
„Ниту една светска влада, физички или правни лица, ниту одбраната на обвинетиот не можат да тврдат дека оваа пандемија има предвидлив тек, освен креаторите на новиот светски поредок како Бил Гејтс, Сорос, Рокфелери“, се вели во резолуцијата, објави порталот „LP Derecho“.
Откако во јавноста беше обелоденета содржината на судскиот налог, Децентрализираната канцеларија за надзор на прекршоците (Oficina Desconcentrada de Control de la Magistratura / Odecma / de Ica), лоцирана на 400 километри јужно од Лима, отвори прелиминарна истрага против судиите кои ја потпишаа резолуцијата.
Целта на истрагата е да се соберат елементи што помагаат да се утврди постоењето на наводни неправилности извршени од судиите. Имено, Гејтс, Сорос и семејството Рокфелер се директно обвинети во документот, „за управување со вирусот во новиот светски поредок“.
Кога се појави Ковид-19, започнаа да кружат разни теории на заговор, имаше „бум“ на дезинформации, иако Светската здравствена организација (СЗО) во мај 2020 година потврди дека вирусот има животинско потекло и го поби мислењето дека е создаден во лабораторија.
Меѓу вестите што го преплавија Интернетот беше и дека Гејтс и Сорос ја промовираат мрежата 5G и вакцините, бидејќи тие сакаат контрола врз глобалното население, а исто така беше напишано и за нивната поврзаност со фармацевтски компании, за лична, финансиска корист.