Лукашенко: Ќе разговараме со опозицијата, но не и со предавниците

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека властите на земјата се подготвени да водат дијалог за какви било прашања, вклучително и за оние што се однесуваат на уставната реформа, со опозицијата, но не и со предавниците.

– Подготвени сме да разговараме со сите чесни луѓе. Вклучувајќи ја и опозицијата. Но, не со предавниците. Подготвени сме да разговараме со каквa било опозиција (веќе сте го виделе и го знаете тоа) за сите прашања, од уставните измени до иднината на нашата Белорусија – рече Лукашенко, пренесува државната агенција Белта.

Белорускиот лидер истакна дека властите нема да клекнат пред никого.

– Уште еднаш потенцирам, подготвени сме да разговараме во тој поглед со сите сили – и опозициски и неопозициски, што ќе работи на подобрување на земјата – рече Лукашенко.

Претходно, Лукашенко изјави дека нацртот за новиот устав на земјата ќе биде готов до крајот на оваа година, по што ќе биде доставен до граѓаните за разгледување на референдум. Во исто време, белоруската опозиција објави дека веќе ги подготвила нацрт-правилникот за избори и нацрт-уставот.

Слични содржини