Ова е човекот кој ФБИ го бара поради убиството на полицаецот во Капитол (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

ФБИ во вторникот објави фотографија од лицето за кое постои сомневање дека е поврзано со убиството на американскиот полицаец Брајан Сикник во Капитол, напиша сенаторот Бил Касиди на Твитер.

Касиди, републиканец, објави фотографија од постар брадест човек со сина капа со натписи „ЦФД“, и ги повика сите што би можеле да го препознаат да се јават во ФБИ.

Претходно, ФБИ во Њујорк уапси друго лице за можна вмешаност во немирите минатата недела во Капитол.

Портпаролот на ФБИ изјави дека агентите го уапсиле Арон Мостофски, за кого медиумите тврдат дека е син на судијата на Врховниот суд во Њујорк, Шломе Мостофски.

„Ројтерс“ пишува дека засега не се знае со кое обвинение ќе се соочи Мостофски.

Досега 20 лица се обвинети пред Федералниот суд во Вашингтон за учество во немирите, а 40 од нив се обвинети во локалните повисоки судови.

Слични содржини