Георгиевски: За лошиот извештај на УНЕСКО се одговорни проблемите од минатото кои се собирале

242 прегледи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во вечерашното гостување на Топ тема, посочи дека не чувствува лична одговорност за нацрт извештајот на УНЕСКО која претстави лоша слика на Охрид.

Георгиевски откако ја презеде функцијата спроведе доста работи, но прстот овојпат го впери кон минатото и проблемите кои биле очигледни и се собирале.

Исто така, тој вели и дека забелешките до УНЕСКО ќе бидат испратени, но не очекува големи промени на извештајот.

Од друга страна, Донка Барџиева од Центарот за културно наследство, смета дека вината за овој извештај треба да ја преземе Владата.

Слични содржини