Актерот Брус Вилис беше исфрлен од аптека во понеделникот, откако одбил да носи маска во објектот.
Според странските медиуми, луѓето во аптеката биле вознемирени затоа што Вилис (65) не носел маска.
Актерот имал марама околу вратот.
Ѕвездата на филмот „Умри машки“, кој беше фотографиран во аптеката без маска, го напуштил објектот со празни раце откако вработените му кажале дека не можат да го услужат без маска.
I used to regularly interview the stars behind Planet Hollywood for my old newspaper column. Arnie was always straight to business, Sly was a good laugh and #BruceWillis was always a total cock.
Bruce Willis steps out without a face mask in LA https://t.co/oXqg6zTV5v
— Matthew Wright (@Matthew_Wright) January 13, 2021
Претставник на Вилис не одговори на барањето за коментар.