Актерот Брендан Фрејзер е познат на публиката по улогата во филмот „Џорџ од џунглата“ снимен во 1997 година.
Неговото мускулесто тело беше вистинска мамка за женската публика која го гледаше филмот само поради Брендан. Освен во овој филм, тој глумеше и во неколку филмови од серијалот „Мумија“, а тие, меѓу другите, му донесоа неверојатна слава.
Брендан последователно се појави во уште неколку филмови и телевизиски серии, но не успеа да го постигне истиот успех. Имено, во едно интервју во 2018 година, тој тврди дека Холивуд го ставил на црната листа. Тој исто така призна, за време на движењето #meToo, дека имал непријатно искуство за време на неговите почетоци во индустријата и дека новинарот на HFPA, Филип Берк, се обидел сексуално да го злоупотреби.
Фрејзер неодамна го прослави својот 52 роденден и се чини дека полека почнува да се пробива повторно. Режисерот Дарен Аронофски го покани да ја игра главната улога во филмот The Whale. Станува збор за филм за човек кој тежи околу 300 килограми, живее во зафрлен град во самотија и се обидува да го обнови контактот со својата ќерка.
Инаку, Брендан неодамна беше фатен од папараците како шета низ Њујорк. Целосно бил променет, било тешко да се препознае дека тоа е поранешниот секс симбол.