Според турските медиуми, глумецот Чагатај Улусој (за нас познат како Сарп од серијата „Инсајдер“) изморен од плаќање месечна кирија од 16 000 лири (1765 евра), решил да купи куќа и тоа токму во соседството на неговиот колега и пријател Киванч Татлитуг.
Овие двајца супер-згодни и успешни турски глумци, ѕвезди на најпопуларните турски серии се долгогодишни пријатели. Покрај тоа што соработуваат на неколку проекти исто така редовно се дружат и одат на одмор заедно. Сега се чини ќе станат уште поблиски со оглед на тоа дека ќе бидат комшии.
Чагатај за македонската публика во моментов е актуелен со улогата на Сарп во мега-популарната серија „Инсајдер“ на туската продукциска куќа Ay Yapim која е меѓу најголемите продукции во светот. Успехот на „Инсајдер“ го покажува фактот дека е најгледана турска серија онлајн во над 50 земји. Инсајдер ја следи приказната на двајца браќа Сарп Јилмаз(Чагатај Улусој) и Умут Јилмаз (толкуван од Арас Булут Инемли) кои биле разделени како деца и се среќаваат многу години подоцна но се на спротивните страни на законот.
Куќата што ја разгледувал и планира да ја купи 30 годишниот Чагатај, во маалото на турскиот Бред Пит (Киванч Татлитуг) според медиумите е прекрасна, пространа вила и чини 5 милиони лири или околу половина милион евра.
На снимањето на „Инсајдер“, Чагатај ја запозна и својата љубов, Дујгу Сарсин. По гласините дека раскинале па потоа дека се смириле, при едно скорешно интервју на Чагатај му беше поставено прашањето: „Со Дујгу Сарсин сте во врска на далечина. Како оди? Дали врската меѓу двајца актери е рецепт за совршена хармонија или знае повремено да биде многу тешко?“
Чагатај одговори: „Супер сме, се е ОК. Начинот на кој ја разбирам љубовта се менува со годините или како што рекол Хемингвеј: Најубаво нешто во животот е да имате една личност која ги знае сите ваши маани и се уште мисли дека сте прекрасен.”
Сепак тој не откри дали планира во новата куќа да се всели заедно со Дујгу.
Одличната хемија меѓу Чагатај и Дујгу е евидентна во серијата „Инсајдер“, уживајте во нова епизода секој ден од19.55 часот на TDC Macedonia