Бидејќи веќе присвоивме фармерки, кошули, јакни од машка гардероба, зошто да не и фризура? Со оглед на големата популарност на андрогените трендови, не е ни чудо што фризурата boyfriend bob ќе биде тренд на 2021 година.
Боб-фризурите сè уште се во тренд и, според сите проценки, тоа ќе биде случај и оваа година. Сепак, оваа класична кратка фризура претрпе мали промени, па сега таа потсетува на момчешките фризури што ги видовме во деведесеттите години.
Совршено се вклопува во таканаречениот boyfriend концепт во убавината и модата затоа што е лежерна и едноставна.
Оваа кратка фризура е исто така целосно разноврсна. Имено, во зависност од обликот на лицето и желбите, овој боб може да биде пократок, но и малку подолг. И нема ограничувања за стилизирање. И за права и за виткана коса, оваа фризура е прилично прилагодлива и нуди бесконечни можности.
Изгледа многу симпатично и кога се носи целосно лежерно и навидум нестилизирано.