Бразил ќе започне со производство на руската вакцина „Спутник V“

од Nikola Popovski
164 прегледи

Една од водечките бразилски фармацевтски компании „Униао Квимика“ го започна процесот на производство на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“.

Како што е наведено на официјалниот Твитер профил на руската вакцина, целата потребна документација за производство на овој препарат ја испратил рускиот фонд за директни инвестиции до бразилската фармацевтска компанија.

Се очекува оваа бразилска компанија, во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, наскоро да достави барање до властите со цел да се одобри примената на вакцината врз граѓаните по итна постапка.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Слични содржини