177
„Ковид-изборите во Штип беа непотребни. Тоа што се случи беше Заев да го повлече Бочварски, како еден од најнеуспешните градоначалници на Штип, без ниту еден проект, односно за да не изгуби на изборите“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за емисијата „24 анализа“.
Тој му се обрати на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, проблемот не е до изворот на пари.
„Проблемот е до тоа што во 8 месеци од минатата година, имаат реализирано само 4,1 процент од вашите капитални инвестиции“, вели Стоилковски.