Твитер го блокираше налогот на руската вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Социјалната мрежа Твитер накратко го блокираше налогот на руската вакцина „Спутник V“ од засега непознати причини.

„Се обидуваме да утврдиме зошто налогот на руската вакцина е блокиран“, рече рускиот фонд за директни инвестиции.

Рускиот фонд за директни инвестиции исто така наведува дека социјалната мрежа Твитер била користена за споделување со јавноста на сите потребни информации поврзани со вакцината, како таа функционира.

„Преку Твитер, се договоривме со компанијата Астра Зенека за употреба на одредени компоненти на Спутика V и за заедничко клиничко истражување“, беше додадено.

Слични содржини