Проблемот на новинарите е владата кога сака да биде транспарентна кога снима интервјуа и емисиите. Еден таков пример е интервјуто во април месец каде во студио министрите одговараа на прашања, вели Драган Секуловски директор на ЗНМ.
-Мене лично последниот план ми прави конфузија „план за одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата“ пред се ја гледам глупост на насловот и било кој да го прочита самиот наслов не би посакал да го отвори текстот, изјави Секуловски.
На оваа изјава , Марјан Забрчанец му постави директно прашање дали содржината е глупава на овој план, на што Секуловски забележи дека и во самиот текст има глупости.
Воедно тој додаде дека степенот на критиката упатена кон владата треба да биде на повисоко ниво.