Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, рано утрово се приклучи на зимската служба, која ги чистеше градските улици од снег.
„Критиките паѓаат побрзо од снегот, но ние ќе се потрудиме да ги исчистиме и двете“, напиша Станивуковиќ на својот Фејсбук профил.
„За да може секој дел од Бања Лука да биде што попрооден денес, сите треба да дадеме свој придонес, бидејќи само така можеме да ја постигнеме целта. Сакам да бидам првиот градоначалник кој секогаш ќе биде на терен за да помогне и да даде поддршка, некој што не бега ниту од одговорност ниту од работа“, рече тој.
Да би сваки дио Бање Луке данас био што проходнији, сви морамо дати свој допринос, јер само тако можемо стићи до циља….
Posted by Драшко Станивуковић on Thursday, 14 January 2021